Владата ќе ја одржи 113-тата седница
19.10.2021 10:09
На дневен ред за разгледување е Извештајот за завршените преговори за склучување Спогодба за дополнување на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство...

Владата денес ќе ја одржи 113-тата редовна седница, соопшти владината прес- служба.
На седницата, на дневен ред за разгледување е Извештајот за завршените преговори за склучување Спогодба за дополнување на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, како и повеќе информации и извештаи за планирани и реализирани проекти на одделните министерства.
