Резултати од пописот најдоцна во март
Податоците од пописот се обработуваат, резултатите ќе бидат објавени во март. Нема да биде изоставено ниту едно лице, мал е опфатот на непопишани, вели директорот на Државниот завод за статистика. Статистичката операција беше спроведена од 5-ти до 30-ти септември годинава...

Најдоцна во март идната година, Државниот завод за статистика ќе ги објави податоците од спроведениот попис. Директорот Симовски е оптимист дека резултатите може да се презентираат и порано. Дотогаш ќе се спроведува последната фаза од обработката на податоците. Уверува – незначителен е бројот на изоставени домаќинства. Податоци за нив ќе се добијат од постојните регистри.
Пописот на населението, домаќинствата и становите се одвиваше од 5 до 30-ти септември. Се користеше комбиниран модел. За попис кој се потпира исклучиво на бази на податоци, Симовски вели - нема услови.
Процесуирани се и пријавите за оние кои бојкторирале попис. Заводот не води евиденција за колку луѓе станува збор, но Симовски вели - бројката е безначајна и не го пореметила пописниот процес ниту ќе влијае на резултатите.
Анита Димитријевска Велковска
