Евроинтеграции

ЕК со нов извештај за напредокот на земјава

19.10.2021 11:17

Комисијата оценува дека е потребно зајакнување на улогата на Парламентот како форум на конструктивен политички дијалог, посебно во делот на реформската агенда за ЕУ.

Европската комисија со нов извештај за напредокот на земјава, кој ќе биде објавен попладнево. Позитивно се оценува зајакнувањето на демократијата, владеењето на правото и борбата против корупцијата. Според информации на МИА, забелешки има за работата на Парламентот, каде според Брисел има длабока поларизација со последици за неговата работа.

Комисијата оценува дека е потребно зајакнување на улогата на Парламентот како форум на конструктивен политички дијалог, посебно во делот на реформската агенда за ЕУ.

Комисијата со забелешки и за локалните избори. Според Брисел, не се спроведуваат препораките на ОДИХР и Венецијанската комисија за навремено усвојување на измените на изборното законодавство.

Во извештајот за земјава се констатира дека е постигнат мал напредок во реформата на јавната администрација. Судскиот систем е умерено подготвен за ЕУ членство. Генерално, законската рамка за човекови права е согласно ЕУ стандардите.

Напредокот во делот на слободата на изразување е ограничен, се наведува во најновиот извештај на Европската комисија.