Комеморативен марш во Чиле се претвори во улична пресметка

19.10.2021 10:40

Комеморативниот марш и повик за за поголема социјална правда е во чест на сеќавањето на повеќе од 30 жртви кои загинаа во немирите во 2019-та...

Мирниот марш за одбележување на двегодишнината од демонстрациите против нееднаквоста што предизвика преработка на Уставот на земјата, се претвори во улична пресметка откако полицијата интервенираше со солзавец и водени топови врз група демонстранти кои фрлаа молотови бомби.

Комеморативниот марш и повик за за поголема социјална правда е во чест на сеќавањето на повеќе од 30 жртви кои загинаа во немирите во 2019, додека владата на десниот претседател Себастијан Пинера беше на удар на критики поради бруталниот одговор на безбедносните сили, вклучително и кршење на правата.