Дипломатија
Летаат искри на релација Брисел- Варшава
19.10.2021 13:35
Пресудата на Уставниот суд на Полска е закана за основните принципи на блокот.

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лејен изјави дека Брисел „нема да дозволи“ Полска да ги доведе во ризик вредностите на Унијата.
Пресудата на Уставниот суд на Полска е закана за основните принципи на блокот. Полскиот премиер Матеуш Моравјецки, пак, ја обвини Унијата за „уцена“ во спорот со реформите на правосудниот систем со кои Владата ќе има поголема моќ над судовите.
