Русија
Лавров: Прекинуваме дипломатски односи со НАТО
19.10.2021 13:52
Потегот на Москва е одговор на одлуката на НАТО да го намали персоналот на Руската мисија во Алијансата...

Од 1-ви ноември Русија ќе ја прекине воената мисија за врски на НАТО во Москва и ќе ја укине акредитацијата на нејзиниот персонал- изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Потегот на Москва е одговор на одлуката на НАТО да го намали персоналот на Руската мисија во Алијансата од 20 на 10 членови, наредувајќи им на дипломатите да го напуштат Брисел до крајот на октомври.
