Подарено финале!
Нишикори(20) му го “предаде” на Надал(1), Ѓоковиќ(2), а Берди(7) пак, на Ѓоковиќ, Надал. Така некако ќе се формулира ½ финалната разврска на вториот мастерс во годинава од серијата 1000 во Мајами...

Само третото соочување на србинот и јапонецот во нивните кариери не се реализира поради повреда на препоните на Нишикори, кој очигледно се префорсира на турниров. Имаше тежок меч со Федерер(5), пред него со ланскиот финалист Ферер(4), порано на турнирот го елиминира и шест места подобро рангираниот Дмитров, дуели кои очигледно оставија болна трага, кај 35 годишниот јапонец.
Од дурига страна пак противникот на Рафаел Надал, Томаш Бердих беше доволно разјарен за да загризе и со најдобриот во светот. Но диареата го спречи во налетот чехот да се обиде да стигне до второто свое финале на Флорида.
Сега вака мирни, одморени и најдобриот и оној веднаш по него на светската тениска скала (на кој патем ова му е втор предаден без борба меч на турниров), подготвени да одговорат на меѓусебниот 40-ти предизвик.
Предноста во победи е на страната на шпанццот 22-17.
Ова ќе биде само трет пат во историјата на овој турнир првите двајца на АТП да играат финале, а едно од нив го имаат играно току овие двајца тенисери 2011-тата. Тогаш славата отиде на име на Ѓоковиќ во година во кој србинот имаше врзано 7 финалиња со победа над Надал.
Уште една јубилејна бројка се запишува крај Шпанецот, ова е негово 10-то учество на терените на Грандон Парк, во кој има 4 финалиња, без победа. „За да победам со Новак ќе треба да играм најдобро што можам, а тој да не одигра докрај онака како што може и знае. Ќе треба да бидам агресивен и да имам добар сервис. Играме на подлога која е омилена на Ноле.” –вели Надал.
“Свесен сум дека Надал многу добро го удира топчето, дека ќе треба многу брзо да се движам и да бидам психички силно подготвен”. Така вели резонот пак, на Ѓоковиќ.
Се поставува само онака реторички прашањето....Кој ќе биде повеќе подготвен во нешто што значи перфеција, која ќе биде распрскана на вилетовиот финален терен во Мајами?!.
Она што е јасно потоа, е дека ако победи шпанскиот јунак, ќе го освои за првпат кристалот од Мајами, ако победи србскиот херој ќе собере 4-ти кристал, кој носи со себе и 787.000 шампионски зелени банкноти.
Уживајте во виртуозните потези на овие две тениски величини на МРТ собранискиот сервис, утре попладне во 20:30 часот.
