Ин мемориам

Почина новинарот Никола Талевски, поранешен дописник на јавниот сервис од Битола

19.10.2021 12:24

Од некогашната Радио- телевизија Скопје, до пензионирањето во МТВ, Талевски остави длабоки траги во новинарството преку илјадници текстови и голем број емисии.

На 81- годишна возраст почина Никола Талевски, поранешен дописник на јавниот сервис од Битола.

Од некогашната Радио- телевизија Скопје, до пензионирањето во МТВ, Талевски остави длабоки траги во новинарството преку илјадници текстови и голем број емисии.

За битолчани, освен доајен на новинарството, важеше и за голем хуморист. Ќе биде запаметен по ликовите „Ристо Модернисто“ и „Кољо Битољо“.

Погребот ќе се извши утре напладне на гробиштата во Битола.