Вакцинираните лица кои минатата недела починале од Ковид-19 најчесто имале кардиолошко заболување и дијабет
Седумнаесет починати пациенти примиле вакцина од Синофарм, четири Синовак, тројца биле вакцинирани со Астра Зенека и двајца пациенти се вакцинирани со вакцината на Фајзер.

Од 8-ми до 14-ти октомври починале 105 пациенти со Ковид-19. Од нив, над 75 проценти биле невакцинирани, а само 26 пациенти биле вакцинирани. Само еден немал хронично заболување и имал 80 години, покажува неделната анализа на Министерството за здравство.
Седумнаесет починати пациенти примиле вакцина од Синофарм, четири Синовак, тројца биле вакцинирани со Астра Зенека и двајца пациенти се вакцинирани со вакцината на Фајзер.
Речиси сите починати, на возраст од 48 до 84 години имале кардиолошко, малигно и белодробно заболување и дијабет, информираат од Министерството за здравство.
