Мицкоски повикува на здружена опозиција за рушење на власта
Повикувам на здружена опозиција и заеднички до целта за подобра и нова иднина. Секоја наша разлика во опозицијата е помала од заедничката цел да ја собориме оваа власт за Македонија да оди напред за сите луѓе, изјави Мицкоски по средбата со лидерите на партиите од коалицијата „За обнова на Македонија“.

Коалицијата „За обнова на Македонија“ предводена од ВМРО- ДПМНЕ освои повеќе од 55.000 гласови од СДСМ, изјави лидерот на партијата. Мицкоски повикува на здружена опозиција за повеќе гласови во вториот круг. Вели дека очекува повеќе нерегуларности, бидејки власта е во паника.
Повикувам на здружена опозиција и заеднички до целта за подобра и нова иднина. Секоја наша разлика во опозицијата е помала од заедничката цел да ја собориме оваа власт за Македонија да оди напред за сите луѓе, изјави Мицкоски по средбата со лидерите на партиите од коалицијата „За обнова на Македонија“.
Тој повика на создавање „здружена опозоција на леви, центар и десни со една мисија – рушење на оваа Влада“.
„Подавам рака за обединување и здружена опозиција, а тоа го побара и народот на овие избори. Македонија има иднина и мора да победува, на чекор сме сите заедно да направиме големи работи, иднината да дојде сега заеднички сите заедно обединети до целта“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски побара и поддршка од граѓаните во вториот круг, иако како што рече сликата и пораката од првиот се јасни.
