Политика

Шилегов: Скопје мора да продолжи да се развива

19.10.2021 15:09

Шилегов им подава рака на сите граѓани, и бара поддршка од политичките партии за окрупнување на гласовите во вториот круг...

Сите 12 кандидирани градоначалници имавме слични проекти и визија како Скопје треба да се развива, изјави кандидатот за градоначалник од СДСМ, Петре Шилегов. Вели, им подава рака на сите граѓани, и бара поддршка од политичките партии за окрупнување на  гласовите во вториот круг.

Скопје, како што нагласи Шилегов, мора да остане град на граѓаните во кој тие одлучуваат. Додаде дека со обединување на сите демократски сили, Скопје ќе расте во единствена коалиција и со граѓани кои ќе учествуваат во сите важни проекти преку системот на директна демократија.

Подавам рака на сите граѓани, политички партии, организации кои веруваат дека Скопје мора да продолжи да се развива и дека она кое го почнавме треба да го завршиме. Скопје мора да остане град на граѓаните во кој граѓаните одлучуваат и Скопје не смее да се врати назад во времето на поделби, лажни митови и неплански развој. Јас како градоначалник ќе бидам само еден од вас во донесување на сите важни одлуки за заедничката иднина, рече Шилегов.

Скопје, додаде, има сила само во единството, во обединувањето на оние кои гледаат на нашиот град како град во заедница на модерни, развиени европски градови.