113-та седница на Влада

Укинато е ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти

19.10.2021 16:01

Се укинува ограничувањето на максимално дозволениот број на лица на една маса во кафетериите, рестораните и во рестораните на хотелите, како во отворените така и во затворените делови на овие угостителски објекти, одлучи Владата на денешната седница, согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата...

Се укинува ограничувањето на максимално дозволениот број на лица на една маса во кафетериите, рестораните и во рестораните на хотелите, како во отворените така и во затворените делови на овие угостителски објекти, одлучи Владата на денешната седница, согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата.

Дополнително е усвоена и измена на ограничувањето на исполнетоста на капацитетите на овие угостителски објекти, односно ограничувањето на бројот на гости во затворениот дел од објектот, како и во отворениот дел е до најмногу 50% искористеност на капацитетот на објектите.

За угостителските објекти за организирање прослави, веселби и свадби, остануваат во сила постојните мерки и протоколи.