Локални избори

Алијанса и Алтернатива: Во Чаир се соочивме со големи притисоци

19.10.2021 16:27

Во Чаир се соочивме со големи притисоци дури и специјалните сили мораа да ги протераат од местата оние коишто се собираа околу гласачите. Се надеваме дека во вториот круг ќе имаме подобар изборен процес, вели Ибрахими од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива...

Изборниот процес не беше најдобро организиран. Во Чаир се соочивме со големи притисоци дури и специјалните сили мораа да ги протераат од местата оние коишто се собираа околу гласачите. Се надеваме дека во вториот круг ќе имаме подобар изборен процес, вели Зекирија Ибрахими од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Бројките нѐ уверуваат дека ќе има пресврт во исходот, пред сѐ поради оние кои не излегле на гласање  и оние од другите партии кои веќе завршиле со изборот, додава Ибрахими.

Коалициските партнери сѐ уште не се сретнале после изборниот ден за да договорат дали би го поддржале Касами во Тетово, па секој коментар од него би можело да се протолкува само како индивидуален став, но не и на коалицијата.

Ибрахими вели дека тие се надеваат оти ќе победат во општините каде што нивниот кандидат влегува во трка во вториот круг. 

Фиљана Кока