Шилегов ја окрупнува поддршката, Весковски очекува победа
Претендентот за нов мандат како градоначалник на Скопје, Петре Шилегов вели дека е почнат процес за окрупнување на поддршката за неговата кандидатура. Повика на масовна излезност, на единство и обединување на граѓаните за модерна и развиена престолнина. И неговиот колега кој се натпреварува во Карпош, Душко Весковски очекува победа во вториот круг од изборите...

Во првиот круг од изборите за градоначалник на Скопје учествуваа 12 кандидати, секој со своја визија за развој на градот. Со секој од нив имавме слични проекти и размислувања како Скопје треба да продолжи да се развива, вели кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Петре Шилегов.
Според него, веќе четири години спроведуваат политика на напредок и на развој. Тој вели дека она што е започнато, мора да се заврши за Скопје да остане град на граѓаните, град во којшто граѓаните одлучуваат. Да не се врати во времето на поделби, лажни митови и неплански развој, рече Шилегов. Тој повика на обединување на сите демократски сили. Скопје ќе расте во единствена коалиција на граѓани кои што ќе учествуваат во сите важни проекти преку системот на директна демократија, рече Шилегов.
Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од СДСМ, Душко Весковски во програмата ветува нов голем зелен парк, зголемување на енергетската ефикасност и намалување на загаденоста. Високо ниво на комунална хигиена, изградба на две нови градинки и реконструкција на постојните капацитети, зголемена соработка со бизнис секторот, економски развој на Карпош. Планска хумана урбанизација кон Злокуќани и Бардовци. Нови велосипедски патеки, најави Весковски кој ги повика граѓаните на Карпош на масовна излезеност во вториот круг д изборите.
Меѓо проектите коишти ги најави Весковски се изградба на катна гаража околу ТЦ Лептокарија, решение за проблемот со паркирањето, Младински центар и поддршка за младите и за културен развој, поголема заштита на социјално загрозени лица и имплементација на концептот за родова еднаквост. И Весковски и Шилегов се уверени во победа во вториот круг од локалните избори.
Александра Перевска
