Писмо од Заев: Повик за обединување
„СДСМ греши, но учи и се поправа. Да се обединиме за победа во вториот круг“, вели лидерот на Социјалдемократите Заев во писмо упатено до членовите на партијата.
„СДСМ греши, но учи и се поправа. Да се обединиме за победа во вториот круг“, вели лидерот на Социјалдемократите Заев во писмо упатено до членовите на партијата.
„Гаѓаните во првиот круг на овие избори ни пратија јасна порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа. Народот не е за ВМРО-ДПМНЕ. Но, во исто време народот сака многу подобар резултат и многу повисок интензитет на промени реализирани од СДСМ. Ние тоа и можеме и мораме да го испорачаме“, пишува Заев.
Потребна е брза анализа и враќање на теренот веднаш, потребни се брзи промени и акции кои ќе придонесат кон борба, уважување на гласот на граѓаните, обединување и со тоа победа на СДСМ во вториот изборен круг, пишува меѓудругото Заев.
