Свет
Канада: Задолжителна вакцинација за пратениците
20.10.2021 09:50
Новото барање ќе се однесува за членовите на Долниот дом и нивниот персонал, за канцелариските работници, новинарите и консултантите.

Канадските пратеници ќе мора да се вакцинираат против коронавирус за да работат во Долниот дом од крајот на ноември. Правилото стапува во сила в понеделник, 22-ри ноември.
Новото барање ќе се однесува за членовите на Долниот дом и нивниот персонал, за канцелариските работници, новинарите и консултантите.
Директивата доаѓа околу еден месец по изборната кампања, во која задолжителните вакцини беа предмет на жестоки дискусии.
