Дијаспора

Одбележани пет години од основањето на македонското литературно катче во библиотеката во Нашице, Хрватска

19.10.2021 10:10

Во рамки на „Деновите на македонска култура“ во организација на македонското културно друштво „Браќа Миладиновци“ од Осијек, се одбележала петгодишнината од основањето на македонското литературно катче при градската библиотека во Нашице, Хрватска...

Во рамки на „Деновите на македонска култура“ во организација на македонското културно друштво „Браќа Миладиновци“ од Осијек, се одбележала петгодишнината од основањето на македонското литературно катче при градската библиотека во Нашице, Хрватска.

Во таа пригода се одржале средби со претставници од општината Нашице и претставници од Словачкиот центар. Средби се оддржале и со директорката на Градската библиотека и со директорот за образование на малцинствата при Министерството за образование на Република Хрватска, со цел зголемубање на бројот на ученици, кои ја посетуваат Летната школа по македонски јазик во Охрид, поддржана од Хрватската влада.

Вечерта била збогатена и со поезија и со музички настап.

 

Аида Николовска