Кантарион и негови лековитости
Кантарионот е познат уште од стари времиња. Ценет е во народната медицина и се користи надворешно против изгореници, исеченици, кожни воспалителни процеси, хемороиди, за зараснување на рани и како антисептик, но голема примена има и за внатрешна употреба, како средство против стомачни заболувања, за подобрување на функцијата на желудникот, црниот дроб, против дијареја итн.

Жолтиот кантарион е долгогодишно растение, високо 30-100 сm. Има цврсто, аглесто и разгрането стебло и цветови со темножолта боја, коишто имаат 5 венечни листови, многу толчници и прашници. Листовите се спротивно положни, долгнавесто јајцевидни, голи, со светлозелена боја. Латинско име потекнува од присуството на жлезди во заднината на лисјата, коишто се полни со етерично масло и му даваат на листот перфориран, дупчест изглед. Цвета од мај до септември и се бере горната половина од билката во цвет (Hyperici herba), којашто има својствен мирис и опор, горчлив и ароматичен вкус.
Кантарионот е познат уште од стари времиња. Ценет е во народната медицина и се користи надворешно против изгореници, исеченици, кожни воспалителни процеси, хемороиди, за зараснување на рани и како антисептик, но голема примена има и за внатрешна употреба, како средство против стомачни заболувања, за подобрување на функцијата на желудникот, црниот дроб, против дијареја итн.
Кантарионот се покажа како исклучително успешен во лекување на многубројни психички заболувања, од депресија до трауми, а утврдено е и дека има помалку несакани дејствија од другите антидепресиви.
Кантарионот се зема во облик на тоник, чај, масло или тинктура, а во поново време може да се најде и во облик на капсули, кои влијаат на расположението и подобрување на емоционалната рамнотежа.
Истражувањата покажуваат дека кантарионот има и антивирусни својства, па е одличен лек за сезоните на грип.
Катерина Стојановска
