Пјонгјанг и Сеул тестираат нови оружја

20.10.2021 10:13

Обединетите нации ѝ забранија на комунистичката земја да тестира балистички проектили и нуклеарни оружја. ООН ги сметаат балистичките проектили за поголема закана од крстосувачките, бидејќи имаат значително поголем дострел, летаат побрзо и може да носат поголема бојна глава.

Северна Кореја во изминатите неколку недели изврши низа тестови на нови оружја, вклучувајќи хиперсонични ракети и проектили со долг дострел. Некои од овие тестови претставуваат прекршување на строгите меѓународни санкции.

Обединетите нации ѝ забранија на комунистичката земја да тестира балистички проектили и нуклеарни оружја. ООН ги сметаат балистичките проектили за поголема закана од крстосувачките, бидејќи имаат значително поголем дострел, летаат побрзо и може да носат поголема бојна глава.

Властите во Пјонгјанг уште во јануари годинава објавија дека развиле нов проектил, кој е „најмоќно оружје во светот“.