Локални избори
Поднесени 13 приговори до ДИК за гласањето и за сумирањето на резултатите од изборите
20.10.2021 11:03
За постапката за гласање и за сумирање и утврдување на резултатите од првиот круг на локалните избори, до Државната изборна комисија, од политички партии се поднесени вкупно 13 приговори...

За постапката за гласање и за сумирање и утврдување на резултатите од првиот круг на локалните избори, до Државната изборна комисија, од политички партии се поднесени вкупно 13 приговори.
СДСМ и коалицијата доставиле пет, од Алијанса за Албанците и Алтернатива шест, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за три избирачки места.
ВМРО-ДПМНЕ поднесе и два приговора за прекршување на изборниот молк.
По приговорите, Државната изборна комисија ќе решава на седница.
