23-ти oктомври, Денот на Македонската револуционерна борба неработен ден за сите граѓани
20.10.2021 11:06
23 октомври 2021 година (сабота) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија...

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 23 октомври 2021 година (сабота), Ден на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Северна Македонија им го честита Денот на Македонската револуционерна борба.
