Кличко се откажува од претседателската трка. Сака да биде градоначалник на Киев!

29.03.2014 15:12

Ќе го направам Киев навистина европска престолнина и заедно ќе ја направиме Украина европска држава, истакна Кличко...

Виталиј Кличко, лидерот на партијата УДАР (Украинска демократска алијанса за реформи) денеска изјави дека се откажува од кандидатурата за претседател на Украина и ја најави дека ќе се кандидира за градоначалник на Киев.
 
Тој побара Петро Порошенко да биде единствен претседателски кандидат на демократските сили во Украина.
 
На конгресот на партијата Кличко побара демократските сили да застанат зад еден кандидат, кој според него би можел да биде милијардерот Порошенко.
 
Ќе го направам Киев навистина европска престолнина и заедно ќе ја направиме Украина европска држава, истакна Кличко.