Евроинтеграции

Блинкен и Борел бараат почеток на преговори со ЕУ без одлагање

20.10.2021 14:15

Пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија треба да почнат без одложување, се вели во заедничкото соопштение на американскиот државен секретар Блинкен и европскиот шеф на дипломатијата, Борел...

Пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија треба да почнат без одложување, се вели во заедничкото соопштение на американскиот државен секретар Блинкен и европскиот шеф на дипломатијата, Борел.

Договорен е ангажман на Западен Балкан со целосна поддршка на европскиот пат и проширувањето на Унијата во регионот. Со ова ќе се консолидираат демократските институции, заштитат фундаменталните права, ќе се унапреди владеењето на правото, но и просперитетот на луѓето, се вели во соопштението на Блинкен и Борел кои неодамна се сретнаа во Вашингтон.

Во соопштението се испратени пораки и за другите земји од Западен Балкан.