Преговорите треба да почнат до крајот на годинава
Европската комисија очекува до крајот на годинава да почнат преговорите со Македонија. Евроамбасадорот Гир го предаде извештајот на македонските власти. Земјава направи напредок и испорача и повеќе, изјави вицепремиерот Димитров...

Направен е напредок во реформите и исполнети се условите за почеток на преговори, се согласија евроамбасадорот Гир и вицепремиерот за европски прашања, Димитров. Брисел работи на остранување на блокадата од Бугарија за одржување на првата меѓувладина конференција до крајот на годинава, рече евроамбасадорот.
Димитров истакна дека земјава направи напредок и испорача и повеќе од некои земји кои почнаа преговори, и дека крајно време е да се отворат преговорите до крајот на словенечкото претседателство.
Од ЕУ потсетување дека земјава прави реформи за подобрување на стандардите за граѓаните, но Димитров предупреди дека тешко ќе биде да се објаснат реформите, ако наскоро не почнат преговорите.
Ирина Гелевска
