Започна 43-от Државен фестивал на непрофесионален филм „Струмица 2014“
29.03.2014 15:24
Како што изјави претседателот на Филмскиот сојуз на Македонија, Сашо Дукоски и годинава Фестивалот е место каде младите автори на непрофесионалниот филм ќе ги прикажат своите дела...

Во Домот на АРМ во Струмица од синоќа започна 43-тото издание на Државниот фестивал на непрофесионалниот филлм „Струмица 2014“ на кој од пристигнатите 35 филмови во официјалниот дел ќе бидат прикажани 17 филмови. Како што изјави претседателот на Филмскиот сојуз на Македонија, Сашо Дукоски и годинава Фестивалот е место каде младите автори на непрофесионалниот филм ќе ги прикажат своите дела.
Носител на годинашното Град-при на Државниот фестивал на непрофесионален филм „Струмица 2014“ е Светислав Подлешанов автор на филмот “Essence Voayage”. Стручното жири на фестивалот додели и пет Златни плакети и тоа: во категоријата документарен филм на Бојан Мирчески за филмот „Театарот“, во категоријата игран филм на филмот „Во темнината“ на Кирил Каракаш, во категоријата едноминутен филм на филмот „Бугарија“ на Анастасија Бошковска, во категоријата експеримен-тален на филмот “ASCEND” на Светислав Подлешанов и во категоријата цртани филмови на „Тажната приказна на младата девојка“ од група автори.
Првонаградените филмови од 43-от ДФНФ „Струмица 2014“ ќе ја претставуваат Македонија на 76-от Фестивал на UNICA, кој во август ќе се одржи во Братилсава, Словачка.
