Локални избори

Алијанса на Албанците ќе се фокусира на директни контакти со гласачите

20.10.2021 16:06

Диртектни контакти со гласачите во фокусот на кампањата за вториот круг на локалните избори на Алијансата на Албанците. Проценуваат дека на тој начин најдобро ќе можат да ја претстават нивната програма пред електоратот. Најавуваат опозициска соработка за Скопје...

Во фокусот на кампањата за вториот круг на локалните избори на Алијансата на Албанците ќе бидат непосредните контакти со гласачите. Од партијата проценуваат дека на тој начин најдобро ќе можат да ја претаваат својата програма пред електоратот. Тие најавуват и соработка со опозицијата за Скопје. Алијанса очекува дека на 31-ви октомври, мнозинството граѓани ќе се одлучат за мајка на градот.

Што се однесува до Тетово, албанските опозициски партии градат став. Дали ќе се подржи кандидатот за градоначалник од движењето Беса, ќе се знае по состаноците на раководстата на Алијанса и Алтернатива.

Од Алтернатива велат дека нивен политички противник е кандидатот на ДУИ.

 

Марина Стојанова- Тонева