Мицкоски: Опозициски фронт за уривање на власта
„Тешко секојдневие, високи цени, лош стандард. Тоа мора да се помени“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Ветува дека идните градоначалници ќе сторат сѐ што е во нивна моќ да ги решаваат проблемите со кои се соочуваат граѓаните. „Да покажеме дека може поинаку“- вели тој...

Јас ја отворив широко вратата и на ВМРО -ДПМНЕ и на Коалицијата „Обнова за Македонија“. Секој оној кој сака да се види во една честита Македонија, во која ќе има напредна економија, во која нема да броиме починати од КОВИД, нивното место е овде. Со политичари кои ја направија Македонија најкорумпирана, со најмногу починати од КОВИД, тоа се регресивни политичари, затоа ги повикувам сите без разлика дали се леви, десни, конзервативни, центар, либерални да ни се придружат во овој нов блок за Македонија за сите луѓе, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во изјава по обиколката на Зелениот пазар во Скопје, заедно со кандидатот за градоначалник од општина Центар, Наташа Котлар, од оваа коалиција.
Мицкоски информираше дека е подадена рака и кон Левица и оти остава тие да одлучат. Нашата рака е подадена, оставам тие да изберат каква сакаат соработка со блокот дали тоа ќе биде во рамки на формална коалиција, дали ќе ги поддржат кандидатите, оставам нека одлучат тие, рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ остварил средба со Африм Гаши и го поканил да биде дел од новото мнозинство во општините, а најави дека ќе разговара и со Зијадин Села.
Во рамките на кампањата за вториот круг на локалните избори свои активности имаше и кандидатот за градоначалник на Ресен од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Тозиевски. Тој вети пред земјоделците откупни центри за јаболка.
Во следните четири години, Тозиевски со неговиот тим ќе се вложи целосно, за јаболкото да биде на местото кое што го заслужува.
Игор Панов
