Велика Британија: Бројот на заразени со Ковид-19 и до 100.000 дневно
Во последното деноноќие беа регистрирани речиси 50.000 нови инфекции, вторпат неделава толку голем број, а министерот за здравство Саџид Џавид, процени дека тој број може да се искачи и на 100.000 случаи дневно.

Британската влада ги отфрли повиците за повторно воведување мерки против Ковид-19 поради ширење на инфекцијата.
Во последното деноноќие беа регистрирани речиси 50.000 нови инфекции, вторпат неделава толку голем број, а министерот за здравство Саџид Џавид, процени дека тој број може да се искачи и на 100.000 случаи дневно.
Расте притисокот врз болниците, каде секојдневно се примаат речиси 1.000 пациенти со Ковид-19.
Сепак, Џавид вели дека земјата не планира да воведе план Б, што предвидува можно враќање на маските во затворени простории, поттикнување работа од дома и здравствени сертификати.
Џавид повтори дека вакцинацијата останува прва линија на одбрана, истакнувајќи дека владата се подготвува за сите сценарија и нема да се двоуми да дејствува доколку ситуацијата во болниците стане неподнослива.
