Мелбурн излегува од најдолгиот карантин во пандемијата
Иако бројот на заразени и натаму е блиску до рекордното ниво, пабовите, рестораните и кафулињата брзаат да се снабдат со залихи пред повторно да ги отворат своите врати.

Милиони луѓе во Mелбурн се подготвуваат за крај на најдолгиот карантин на светот во пандемијата на коронавирусот, кој завршува денеска на полноќ по локално време.
Иако бројот на заразени и натаму е блиску до рекордното ниво, пабовите, рестораните и кафулињата брзаат да се снабдат со залихи пред повторно да ги отворат своите врати.
На почетокот на август по шести пат беше воведен карантин со цел да се спречи ширењето на делта сојот. Властите ветија дека рестрикциите делумно ќе бидат укинати кога 70% од лицата над 16 години во сојузната држава Викторија ќе бидат вакцинирани со две дози и премиерот Скот Морисон потврди дека оваа цел е постигната.
