Зелена боја е во тренд
За разлика од минатата сезона, кога во тренд беше неонската зелена, сега станува збор за нијанси на мека и пријатна зелена.
Зелената боја смирува и создава добро расположение. Асоцира на разлистани дрвја, на шума, на градини. Зелената боја сега можете да ја облечете и на вас. Таа е еден од фаворитите за бои на облека.
За разлика од минатата сезона, кога во тренд беше неонската зелена, сега станува збор за нијанси на мека и пријатна зелена.
Може да облечете зелен фустан за целосен изглед. Исто така може да биде и еден дел од вашиот аутфит. Зелена може да биде вашата нова блуза, кошула, здолниште.
Лесно може да се искомбинира со другите делови од гардеробата. Зелената боја е предвидена и за модните додатоци, убаво изгледа и на чанти и на чевли.
Ако не сте голем љубител на зелената боја, вашиот изглед може да го освежите и со модни додатоци, одберете шал или марама во оваа боја.
Аида Николовска