Мешовитата македонско-бугарска комисија ќе одржи состанок
21.10.2021 10:26
На последниот состанок што се одржа на 10-ти и 11-ти јуни, од македонскиот тим во Комисија оцени дека ги имале најтешките разговори досега. Се дискутирало за учебниците по историја и усогласување на препораките за нивно подобрување.

Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска и утре ќе го одржи 15-от состанок во онлајн формат, поради пандемијата со коронавирусот.
На последниот состанок што се одржа на 10-ти и 11-ти јуни, од македонскиот тим во Комисија оцени дека ги имале најтешките разговори досега. Се дискутирало за учебниците по историја и усогласување на препораките за нивно подобрување.
Годинава се очекува Комисијата да има пет состаноци, а денешниот е четвртиот од предвидените пет.
