Светска банка ќе го претстави редовниот полугодишен извештај за Западен Балкан
21.10.2021 09:55
Извештајот ќе го образложи Сања Маџаревиќ-Шујстер, виш економист за земјите од Западен Балкан.

Денеска Светска банка ќе го презентира редовниот полугодишен извештај за состојбата на економиите на земјите од Западен Балкан. Извештајот ќе го образложи Сања Маџаревиќ-Шујстер, виш економист за земјите од Западен Балкан.
20-то издание од серијата извештаи за состојбата на економиите во земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија, ќе биде презентирано онлајн.
