Во Русија разговори за иднината на Авганистан
Министерот за надворешни работи на Русија вчера апелираше за меѓународна помош за Кабул, по отворањето на меѓународната конференција за Авганистан во „московски формат“, на која талибанците се појавија за прв пат откако во август ја презедоа власта.

Талибанската делегација разговараше за регионалната стабилност и иднината на Авганистан со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Министерот за надворешни работи на Русија вчера апелираше за меѓународна помош за Кабул, по отворањето на меѓународната конференција за Авганистан во „московски формат“, на која талибанците се појавија за прв пат откако во август ја презедоа власта.
Пакистан, Кина, Иран, Индија и поранешните советски држави од Централна Азија им се придружија на талибанските претставници на состанокот во Москва, но претставниците на САД не се појавија, поради, како што наведоа, технички причини.
