Формула 1

Хамилтон на пол, до него шампионот

29.03.2014 16:54

Луис Хамилтон ќе стартува прв на трката за ГН на МАлезија, што утре во 10 часот ќе се вози на Сепанг. Рамо до рамо со Британецот, кој што ја освои 33-та пол позиција во кариерата, ќе биде актуелниот шампион Себастијан Фетел. Зад нив, во вториот ред се Росберг и Алонсо, а во првата десетка се уште и Рикиардо, Раиконен, Хулкенберг, Магнусен, Верн и Батон.
 
Ова беше втора пол позиција за Хамилтон на втората трка сезонава, со што возачот на Мерцедес се изедначи со рекордното британско остварување на Џим Кларк. Со оглед на доминацијата и на вториот викенд, по она што го видовме во квалификациите и на трката во Австралија, јасно е дека Мерцедес ги поставува границите на почетокот на 65-та Ф1 сезона. Ред Бул се буди, Ферари следи во чекор, што од друга страна е јасна најава за возбудувањата што ги очекуваме на утрешната трка, во живо на МТВ.
 
Влажноста на воздухот, во комбинација со високите температури и со непредвидливото време, кое што ги одложи квалификациите за цели 50 минути, се доволен предзнак за возбудлив пренос. Ќе потсетиме дека на оваа патека, во 2009-та кога триумфира Џенсон Батон, последен пат беа доделени половина од предвидените бодови, затоа што поради обилни дождови беа извозени само 31 круг од натпреварот.