Европски совет

Дводневен самит во Брисел

21.10.2021 14:16

Советот ќе направи преглед на епидемиолошката и вакциналната ситуација, како и за напорите за координација и подготвеност како одговор на пандемијата.

Лидерите на ЕУ во Брисел ќе разговараат за Ковид-19, дигиталната трансформација, цените на енергијата, миграцијата, трговијата и надворешните односи, во рамки на дводневниот состанок на 21 и 22 октомври годинава.

Советот ќе направи преглед на епидемиолошката и вакциналната ситуација, како и за напорите за координација и подготвеност како одговор на пандемијата.

Меѓудругото, ќе се разговара и за меѓународната солидарност и потребата да се обезбеди пристап до вакцините за сите.