Триумф за пласман во Еврокупот и за разделба со Гечевски
Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром е пред крајот на вториот настап во регионалната АБА лига. Со победа над Раднички Крагуевац вечер во Арената „Борис Трајковски“ ќе заврши на шестата позиција на конечната табела, ќе го подобри ланскиот дебитантски пласман, но најважно од се – ќе обезбеди учество во Еврокупот и во наредната натпреварувачка сезона.

Натпреварот ќе биде последен во АБА лигата за Тодор Гечевски, легендата на нашата кошарка, којшто за повеќе од една деценија остави огромен печат во јадранската конкуренција, настапувајќи прво во Задар, а последниве две години и за МЗТ. Токму затоа, желбата е со полн погодок да се обележи неговиот проштален АБА меч, а со тоа и да се оствари клупската цел, што сигурно ќе значи и повеќе од успешна генерална оценка за учеството на МЗТ во втората сезона во регионалното кошаркарско опкружување.
Вратите на нашиот најголем спортски центар вечер ќе бидат отворени, влезот за гледачите ќе биде слободен, а телевизискиот пренос е на Собранискиот Сервис од 19 часот...