Зголемен интерес за трета доза вакцина против Ковид-19
Зголемен интерес за трета „бустер“ доза против Ковид-19. Досега примиле над две илјади лица. Министерот Филипче посочува, голем е пропроцентот на заболени невакцинирани лица. Апелира за имунизација, за заштита на личното здравје, но и на здравствениот систем...

Над две илјади граѓани примиле трета доза вакцина. Интересот за оваа доза е особено зголемен деновиве, откако Националниот комитет за имунизација препорача граѓаните кои се вакцинирани со „Синовак“ и „Синофарм“, да примаат трета доза од „Фајзер“ три месеци по вакцинирањето.
Од друга страна, е намален интересот за вакцинација, вели министерот Филипче. Дополнува и дека болниците ги полнат невакцинираните граѓани.
Во одредени училишта во земјава, продолжува скринингот. Министерот очекува до крајот на неделава да се проверат околу 500 деца. Досега ниту едно дете не било позитивно на вирусот.
Министерот им укажува на родителите дека земањето обичен брис не е никаков ризик, а придонесува повеќе да научиме за пандемијата.
Скринингот се одвива по случаен избор преку електронскиот дневник, а потоа треба согласност од родителите. Со овој скрининг се очекува да бидат опфатени 8.178 ученици.
Ана Јосифоска- Тодоровска
