Годинава раст на економијата од 4,6%, инфлација од 2,4%
Светската банка предвидува раст на македонската економија од 4,6 насто и стапка на инфлација од 2,4 проценти годинава. Ризици има од бавното темпо на имунизација, затегнатите финански услови и нарушените синџири на снабдување...

Раст од 4,6 насто, подобра проекција од пролетната, и стапка на инфлација од 2,4 проценти со тенденција за стабилизација до крајот на годинава, предвидува Светската Банка за македонската економија.
Во најновиот извештај за макроекономските проекции посочуваат- ризици демнеат од бавното темпо на имунизација, затегнатите финански услови и нарушените синџири на снабдување.
Банкарите од Вашинготн сугерираат Македонија да воведе данок на јаглерод за на долгорочен план да се стимулира зелената тразиција и да се намали употребата на јаглен во земјава. Како ќе ја корегираат даночната политика, властите да определат, но за ново оданочување треба да намалат друга давачка, посочуваат од оваа финансиска институција
Јавниот долг ќе се зголемува во Северна Македонија и годинава, но помалку отколку лани, држвата да ја обнови фискалната одржливот – сугерираат експертите.
A, регионот се опоравува- растот на БДП ќе достигне 5,9 проценти, по падот од 3,1 проценти во 2020 година, стои во годишниот извештај на Светска банка.
Закрепнувањето на регионот сѐ уште е кревко, невработеноста кај младите се зголеми за 37,7 насто во 2021-вата за 5,4 проценти повисока од јуни лани.
Сузана Фиданска Стоевска
