Котлар најави подземни гаражи во Дебар Маало и Пролет
Подземни паркинзи во Пролет и Дебар Маало со капацитет за 400 возила, најавува кандидатката за градоначалник на Центар од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата - Наташа Котлар Трајкова. Во програмата што ја презентираше, најави и чистење на постојните нефункционални подземни паркинзи во Градски ѕид...

Подземни паркинзи во Пролет и Дебар Маало со капацитет за 400 возила, најавува кандидатката за градоначалник на Центар од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата - Наташа Котлар Трајкова. Во програмата што ја презентираше, најави и чистење на постојните нефункционални подземни паркинзи во Градски ѕид во кои може да собере 800 возила. Општината ќе субвенционира и врати за гаражи на далечинско управување, осветлување и бесплатно исфрлање на шутот.
Во Охрид се најавуваат стабилни и сигурни извори на енергија со фотоволтаични панели доколку во вториот круг довербата на граѓаните ја освои кандидатот Кирил Пецаков. Рече дека ќе се залага за инвестиции во производството на струја од обновливи извори на енергија. Пецаков вели дека квалитетно изработената урбанистичко-планска документација овозможува заштита и унапредување на животната средина, а уредувањето на просторот и неговото планирање во договор со граѓаните, креира пософистициран лик на Општината и овозможува нејзино правилно просторно искористување. Според него обезбедувањето проектна документација за поставување фотоволтаични панели за ридско-планинските места ќе биде еден од тие проекти.
Трајно решавање на проблемот со кучињата скитници, најави кандидатот за градоначалник на Кичево Александар Јовановски. За овој проект кој ќе се реализира во соработка со невладиниот сектор, веќе е изработена финансиската конструкција. Најави изградба и на фекална канализација за околните села, а ќе се решава и проблемот со дивите депонии и со загадувањето.
Изборниот караван на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата продолжува во Ново село, Василево и Радовиш. Канидатите за градооначалници ќе ја претстават изборната програма.
Анита Димитријевска Велковска
