Локални избори

Арифи убедена во победа во вториот круг

21.10.2021 16:05

Довербата, поддршката и сојузништвото што граѓаните ни го доверуваат ни даваат право да продолжиме уште посилно до конечната победа за да ги оствариме нашите проекти, додава Арифи.

Голема благодарност за секој даден глас во првиот круг изрази кандидатката за градоначалничка на Тетово од ДУИ, Теута Арифи. Ова беше уште една победа имајќи го предвид фактот дека како и секогаш, како и на другите избори влегуваме во трка во вториот круг со водство пред другите кандидати, рече Арифи на средбата со жените од тетовскиот регион. Довербата, поддршката и сојузништвото што граѓаните ни го доверуваат ни даваат право да продолжиме уште посилно до конечната победа за да ги оствариме нашите проекти, додава Арифи.

„Денешната средба е со цел издигнување на свеста на борбата против канцерот на дојка. Оваа појава е една од почестите причини за смртноста кај жените. Бидејќи октомври е месецот посветен на ова прашање сакам уште еднаш да ги повикам жените редовно да се контролираат искористувајќи ги можностите што им се даваат токму во јавните здравствени установи во Тетово за мамографија и ехо прегледи. Затоа што секој навремен преглед преставува еден живот плус, нешто што е многу важно за нашите семејства за нашиот град, но и за целиот свет. За мене стратешки значајни се соработката, подршката и барањата на граѓаните без разлика на партиската припадност имајќи предвид дека градоначалникот е претседател на сите жители во општина без разлика на нивната етничка, партиска или културна припадност“, изајви Арифи.

Нормално дека е задача на политичките партии да отвораат дебати и да разговараат за вакви прашања , додаде Арифи. Убедена сум дека програмата со која излегувам на овие избори и која го освои мнозинство гласови во првиот круг е програма која заслужува да биде поддржана од сите без разлика на нивните политички, верски или други убедувања, посочи Арифи при оваа средба.

 

Фиљана Кока