Зомимак – М остана на нула

29.03.2014 18:23

Уште еден очекувано убедлив пораз на Зомимак – М за збогување од групната фаза во ЕХФ купот. Вкупно шестиот во групата , трет на гости го доживеја кај дански Скјерн со 31-20.

Дополнително ослабениот состав без голманот Стојановски, и бековите Спировски и Милосављевиќ, не издржа рамноправно повеќе од 6 минути. Данците тргнаа фуриозно и во првата серија од 5-1 ја решија дилемата за победникот на  мечот за престиж на аутсајдерите во групата.

Вистински мотивирани само на моменти со пропустлива одбрана, без агресивност и жар за надигрување, нашиот преставник во оваа конкуренција немаше што да бара против поквалитетниот ривал кој најде мотиви и енергија да одработи максимално пожртвувано и енергично во најголем дел од дуелот.

Цврстата одбрана со одличен голман и контранападот беа вистински рецепт со кој домашниот тим  лесно го скрши отпорот на неубедливите гости. Зомимак постигна само осум гола во второто полувреме и не успеа да ја надмине групната бариера од 23 колку што му даде токму на Скјерн во Струмица.

На овој дуел данците на голот го имаа  одличниот Лаурсен со 17 одбрани , а меѓу единаесет стрелци во составот отскокнаа Балинг со 6 и Клитгард со 5 гола. Пет постигнаа и Тренчевски и Ангеловски, најефикасните во струмичката екипа во која единствениот  голман Колев застана на 10 успешни интервенции.