Локални избори

Шилегов: Срамна е црната кампања против мене

21.10.2021 16:26

Срамна е црната кампања против мене, со еден документ целосно ја демантирам, рече на денешната прес- конференција кандидатот за греадоначалник на Скопје, Петре Шилегов. Посочи дека во изминатите четири години одговорно, чесно и посветено го водел градот...

Срамна е црната кампања против мене, со еден документ целосно ја демантирам, рече на денешната прес- конференција кандидатот за греадоначалник на Скопје, Петре Шилегов. Посочи дека во изминатите четири години одговорно, чесно и посветено го водел градот, со единствена мисла за модерна европска престолнина. Рече дека во неговиот мандат биле почнати развојни и инфраструктурни проекти кои 27 години биле запоставувани. Вели дека е убеден дека скопјани ќе ги препознаат неговите резултати и нема да дозволат тие да запрат, а Скопје повторно да назадува. Побара обединување, масовно гласање за, како што рече, да се поддржи напредокот. На неговиот опонент и на опозицијата им порача да се соочат со аргументите.

Сега е време да се обединиме околу една заедничка цел - нашата општина да продолжи напред, рече кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и коалицијата Горан Герасимовски. Ги повика граѓаните, но и оние кои гласале за другите кандидати, да излезат на гласање во вториот круг, да се борат Центар да го води способна, демократска и одговорна власт. Истакна дека од гласот на народот зависи во каква општина ќе продолжат да живеат.

Доколку граѓаните ми ја дадат довербата во вториот круг од локалниве избори ветувам дека ќе овозможам бесплатен интернет во секое училиште за полесен пристап до платформите за учење, порача кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ, Христо Кондовски.

Колаицијата предводена од СДСМ, кампањата за локалните избори ја водат под слоганот „Најдоброто за мојата општина“.

Наташа Гркова- Петрушевска