Поцеста: Дебар ќе стане модерен град
„Овој предизвик го прифатив со убедување и подготвеност да придонесам за мојата татковина. Во моите 20 години како лекар, се заколнав и научив да не разликувам, било да е тоа на политички или социјален план“. Порака на Алијанса за Албанците од Дебар и од кандидатот Беким Поцеста...

Неуморниот лекар е познат по својата работа, затоа токму тој треба да биде на чело на Дебар. Вака партијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ја побара поддршката од Дебарчани за кардиологот Беким Поцеста. Дополнуваат, покрај професионалните обврски, Поцеста е познат и како поддржувач и активист на разни културни и граѓански иницијативи, а е и еден од основачите на фестивалот „Албански театар во Македонија“ што се одржува во Дебар.
„Овој предизвик го прифатив со убедување и подготвеност да придонесам за мојата татковина. Во моите 20 години како лекар, се заколнав и научив да не разликувам, било да е тоа на политички или социјален план. Ветувам дека ќе останам ваков во следните четири години доколку ми се довери раководството на Дебар. Никогаш не би се согласил да експериментирам со иднината на мојот град. Ние добро ги знаеме проблемите на нашиот град, затоа сме максимално мотивирани да го смениме начинот на кој управуваме со него. Не знам дали сегашната влада била лоша, некомпетентна во управувањето или неконтролиран систем, но не можам да продолжам вака. За Дебар не верувам дека има недостижен врв. Убеден сум дека ги имаме сите можности да го придвижиме овој град напред. Приватниот сектор ни докажува дека Дебар има силен менаџерски капацитет, кој денес успешно управува со водечки компании на европскиот и светскиот пазар“, изјави кандидатот за градоначалник на Дебар, Беким Поцеста.
ВМРО-ДПМНЕ најави поддршка за Поцеста на 31-ви октомври. Повикаа да се гласа за Поцеста.
Катерина Топалова
