Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид во Скопје
22.10.2021 09:16
Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид на покана на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ќе престојува во посета на земјава...

Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид на покана на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ќе престојува во посета на земјава.
Како што соопшти МНР, средбата со генералната секретарка, Шмид e во насока на продолжување на консултациите за подготовка на претседавањето на Македонија со ОБСЕ во 2023 година. На средбата се очекува да се разменат мислења за прашања од заемен интерес.
