ДИК ги отфрли сите приговори за привиот круг од локалните избори
Државната изборна комисија ги отфрли сите приговорите на политичките партии за првиот круг локални избори. Од 29, останаа 11, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ претходно ги повлекоа своите претставки...

Државната изборна комисија вчера на јавна седница со 4 гласа „против“ и 3 „за“ го отфрли приговорот на коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива за нивните забелешки за гласањето во првиот круг на Локалните избори на избирачкото место 543 во Дебар.
Претставникот на Алијанса и Алтернатива бараше поништување на гласањето на ова избирачко место, што беше поддржано од членот на ДИК, Кренар Лога. Претседателот на ДИК Александар Даштевски рече дека Државната изборна комисија ќе формира комисија која ќе изврши увид во целокупниот избирачки материјал од избирачкото место 543 во Дебар и откако таа ќе ги добие решенијата ќе се закаже седница за што јавноста ќе биде навремено информирана.
ДИК не го прифати ниту приговорот на Движењето „Одлучно за промени“ на ЛДП и ДОМ, а ги отфрли и приговорите на Демократската партија на Турците. Одбиени беа и сите шест приговори на Левица, од кои четири за Штип и два за Кисела Вода, поради тоа што партијата во прилог не доставила материјални докази. Отфрлен е и приговорот на партијата Твоја поради тоа што е поднесен по рокот.
ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, пак, ги повлекоа своите приговори за првиот круг од гласањето на Локалните избори.
