Ковид-19

Скринингот досега не откри ниту еден позитивен случај меѓу учениците

22.10.2021 09:32

Скринингот на Ковид-19 се спроведува со цел да се откријат асимптоматските носители на вирусот меѓу учениците и да се добие целосна слика на неговата трансмисија во училиштата. Тој треба да опфати околу 8.000 ученици.

Продолжува скринингот за Ковид-19 во основните и средните училишта, а досега не е откриен ниту еден позитивен случај.

Скринингот за Ковид-19 кој се спроведува во основните и средните училишта не откри ниту едно дете позитивно на коронавирусот, соопшти вчера министерот за здравство Венко Филипче. Тој рече дека до крајот на неделата ќе бидат тестирани околу 500 ученици.

Скринингот на Ковид-19 се спроведува со цел да се откријат асимптоматските носители на вирусот меѓу учениците и да се добие целосна слика на неговата трансмисија во училиштата. Тој треба да опфати околу 8.000 ученици.

Вчера беше забележан пораст на нови случаи на позитивни на коронавирусот. Од 3.073 тестирања беа регистрирани 490 случаи или околу 16 проценти. Претходно тој процент во работните денови се движеше од 10 до 15, а викендите под 10 отсто. Во претходното деноноќие беа пријавени и 11 смртни случаи и 201 оздравен пациент.

Досега се направени вкупно 1.354.533 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 198.646, бројката на оздравени е 185.660, а на починати е 7.012. Бројот на активни случаи е 5.974.