Европа
Франција ги замрзна цените на гасот до крајот на 2022 година
22.10.2021 10:17
Претходно, француската влада планираше мораториумот да трае до април. Дополнително, домаќинствата со ниски примања во Франција ќе добијат „премија за инфлација“ од 100 евра.

Франција ги замрзна цените на гасот за домаќинства до крајот на следната година. Одлуката била донесена по наглото зголемување на цените на енергенсите.
Претходно, француската влада планираше мораториумот да трае до април. Дополнително, домаќинствата со ниски примања во Франција ќе добијат „премија за инфлација“ од 100 евра.
Експертите ја предупредиле француската влада дека „цените ќе се намалат побавно од очекуваното“.
