Трагедија на снимање на филм, Алек Болдвин усмрти жена со реквизитен пиштол
Инцидентот се случил во текот на снимањето на вестернот „Rust“ на ранчот Бонанца Крик во Ново Мексико. 63-годишниот Болдвин има главна улога во филмот и истовремено е и продуцент.

Трагичен инцидент во Холивуд. На сет на филм во Ново Мексико, американскиот актер Алек Болдвин со реквизитен пиштол ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза.
Инцидентот се случил во текот на снимањето на вестернот „Rust“ на ранчот Бонанца Крик во Ново Мексико. 63-годишниот Болдвин има главна улога во филмот и истовремено е и продуцент.
Пукањето на ранчот се случило за време на сцена, што или се вежбала или се снимала. Канцеларијата на шерифот интервјуирала луѓе од сетот за да се утврди како двајцата биле застрелани.
45-годишната Хачинс била пренесена во болница на универзитетот во Ново Мексико, каде што подоцна починала.
