Ајдучка трева – кралица на билките

22.10.2021 10:22

Eдна од највредните лековити билки е ајдучката трева. Називот го добила од некогашните „ајдуци“ кои своите рани ги лекувале со неа. Таа цвета во текот на целото лето, а се бере кога сонцето е најсилно, бидејќи тогаш има најмногу етерично масло.

Ајдучката трева е кралица на билките, таа во старите книги за лековити растенија е запишана како „лек против сите болести”.  Затоа таа се користи таму каде што ништо не помага и каде што повеќе нема надеж. Ајдучката трева  може да се најде како бела и жолта.

Eдна од највредните лековити билки е ајдучката трева. Називот го добила од некогашните „ајдуци“ кои своите рани ги лекувале со неа. Таа цвета во текот на целото лето, а се бере кога сонцето е најсилно, бидејќи тогаш има најмногу етерично масло.

Етеричното масло се користи за подготовка на крема за сончање, бидејќи се покажало дека тоа истовремено ја штити и негува кожата. Многу е богато со танини, органски киселини, горчливи материи кои и даваат горчливо-ароматичен вкус, витамин К и Ц, смола, како и минералите калиум и натрум.

Официјалната медицина докажала дека екстракт од листот го забавува развојот на патогени бактерии, бидејќи танинот и етеричното масло спречуваат загнојување на рани и придонесуваат за побрзо зараснување и ублажување на болките.

Ајдучката трева е ефикасна и во третманите за лекување на мигрена, несвестица, ги елиминира нагоните за повраќање, помага при солзење и голема секреција на очите, крварење од носот и др. Таа е одлична за прочистување на телото, регулирање на хормоните и стабилизација на метаболизмот, како и за чистење на црниот дроб, при состојби на труења, вирусен хепатит и други болести кои го напаѓаат црниот дроб.

Делува моќно и е одлична за смирување на нервниот систем во состојба на психичко растројство. Се користи при несвестица, мигрена, нагон за повраќање, за очни болести. Се користи и за женски болести, при мокрење во кревет кај деца и стари луѓе.

Ајдучката трева директно делува на коскената срж и на создавање на црвени крвни зрнца. Се употребува како антитромботичко средство при мозочни удари. Има јако антибактериско дејство против стафилококи, еширихија, кандида и други инфекции.

 

Катерина Стојановска