Европа
Силно невреме погоди неколку европски земји
22.10.2021 10:51
Погодени се и Германија, Холандија и Белгија, каде се оштетени покривите на многу згради.

Најмалку четири лица загинаа во Полска во силното невреме што погоди неколку европски земји. Невремето најсилно го погоди регионот Вроцлав, во западна Полска.
Сообраќајот беше прекинат во некои делови од земјата, а силниот ветер собори дрвја и столбови и оштети неколку згради.
Погодени се и Германија, Холандија и Белгија, каде се оштетени покривите на многу згради. Невремето ги погоди и француските региони Бретања и Нормандија.
